| четврток, 6 декември 2018 |

Повисоки пензии и бесплатен викенд за пензионери

penzioneri
Нови бенефиции за пензионерите во изборната програма на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Покрај проектот за бесплатно одење на бања, кој ќе продолжи и во наредните години, се предвидува и викенд за пензионери кој ќе го покрие државата и во кој ќе бидат покриени два полни пансиони и транспортот. Се предвидува и отворање дневни центри за пензионери.
– Нивните деца наутро одат на работа и немаат на кого да ги остават пензионерите затоа се предвидуваат дневни центри, пензионерите да бидат заедно, да се дружат и да разговараат – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека следниве 4 години пензиите ќе бидат зголемени за 21,5 процент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top