По повод 8 април – Светскиот ден на Ромите – во Уметничката галерија во Куманово денеска напладне ќе биде отворена изложба со наслов „Ромската носија низ децении“. За Ромите овој ден има посебно значање затоа што од 8 до 12 април 1971 година во Лондон интелектуалци Роми од целиот свет го организирале првиот конгрес. На истиот се донесени осум резолуции, меѓу кои позначајни се: одлука за ромско знаме, химна и името Роми да биде официјално за сите Роми во светот.
На изложбата амбиентално ќе бидат поставени ромски носии, (секојдневни, свадбени и свечени) делови од секојдневна облека и украсни елементи кои се носеле некогаш и денес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.