Политичките партии денеска ја продолжуваат претседателската и кампањата за предвремените парламентарни избори.
Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, и кандидатите за пратеници на партијата и коалицијата „За подобра Македонуија“ ќе одржат митинзи во Маврово-Ростуше и во Дебар, како и средби со граѓани во Врапчиште и во Центар Жупа.
Митинг во Кавадарци и средби со граѓани во Градско, Неготино, Росоман и Демир Капија ќе има претседателскиот кандидат на ГРОМ, Зоран Поповски, ДУИ е на митинг во Студеничани и на средби со граѓани во Зелениково и во Сопиште, а ДПА ќе одржи централни митинзи во Сарај и во населбата Тетекс во Тетово.
Коалицијата за позитивна Македонија ќе има средба со граѓаните во општината и населбата Чашка и во населбата Црквино, а собир на граѓани ќе одржи во Домот на култура во Градско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.