Фудбалерите на Рома на гости ја совладаа екипата на Калјари со 3-1, додека Фиорентина како домаќин беше подобра од Удинезе со 2-0 во 32. коло од италијанската Серија А.
Херој во победата на Рома беше тројниот стрелец Дестро во 32, 56 и 73 минута, додека единствениот гол за домаќините го постигна Пинилја во 89. минута од белата точка. Рома сега има пет бода помалку, но и натпревар повеќе од лидерот Јувентус, кој во понеделник игра против Ливорно.
Важен триумф забележа и Фиорентина која како домаќин беше подобра од Удинезе со резултат 2-1. Стрелци за Фиорентина беа Куардадо во 25. и Родригез во 72. минута од пенал, додека голот за Уденезе го постигна Фернандес во 82 минута. Фиорентина се зацврсти на четвртата позиција со 55 бода, пет повеќе од Интер.
Во останатите натпревари Сасуоло ја совлада Аталанта, а Торино беше подобар од Катанија со 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)