| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел оди во Атина – на маса и спорот за името

angela-merkel-antonis-samaras
Ангела Меркел за пет дена ќе ја посети Атина. Очекувано, во фокусот на средбите ќе биде финансиската криза во Грција, но грчките медиуми очекуваат дека и спорот за името ќе се најде на маса, оценувајќи ги за силни притисоците за македонско членство во НАТО на самитот во Кардиф, јави дописникот на „Канал 5“ од Атина.

Поддршка за реформите и порака Грција да продолжи со нив ќе биде главната причина за посетата на Меркел на Атина, закажана за 11 април. Во Грција акцентот се става на економијата и финансиските проблеми, па останува енигма дали Самарас и германската канцеларка ќе поразговараат и за надворешната политика.

Меркел доаѓа во период кога грчките медиуми упорно предупредуваат дека се зголемуваат притисоците за наше членство во НАТО на самитот во септември. „Епикера“ пред 1 седмица анализираше дека ситуацијата потсетува на онаа од пред 6 години, пред Самитот во Букурешт, но со таа разлика што Берлин и Париз не се традиционално на грчка страна.

Оттука се поставува прашањето дали можеби, освен за реформите, Меркел ќе го притисне Самарас и за македонското членство. Македонија пак, со почитувањето на меѓународното право и хашката пресуда како главни оружја продолжува да чекори, не само кон НАТО туку и кон ЕУ. Ова воедно беше и  главната порака која шефот на македонската дипломатија ја упати вчера во Атина и до неговиот грчки колега и до Ештон и до останатите министри за надворешни работи на Унијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top