| четврток, 6 декември 2018 |

Заев најави нов почеток

zaev

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, вчера разговараше со жителите на Љубин, Долна Матка и на Шишево.

Заев им рече дека имаат нова програма за нов почеток.

– Го имаме и Стево Пендаровски како кандидат за вистински претседател. Човек што ќе нè обедини и ќе се грижи за граѓаните, како вистински татко. Тој ќе биде претседател со кој сите ќе се гордеат, претседател на сите без разлика на верската, националната или политичката определба. Затоа што пред се сите ние сме луѓе, граѓани на оваа држава – рече Заев.

Тој ги повика граѓаните на овие избори да гласаат за промени и нов почеток за Македонија.

Со новите промени, Македонија ќе биде земја за почит. Ве повикувам заедно да ја направиме промената и Македонија да ја направиме земја за почит. На 13 април ќе се случи охрабрувачкиот момент што ќе ги најави промените. А на 28 ќе објавиме победа за цела Македонија. Победа на народот за народот. Победа за нов почеток.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top