
Политичките партии денеска ја продолжуваат претседателската кампања и воедно кампањата за предвремените парламентарни избори.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ централни митинзи ќе одржи во Гостивар и во Тетово, а претходно ќе имаат средби со граѓани во Желино, Боговиње и помал митинг во Теарце.
СДСМ на митинг во центарот на Скопје ќе ги промовира кандидатите за пратеници и коалициските партнери.
Партијата ГРОМ ќе има митинг во Богданци и средби со граѓани во Гевгелија, Нов Дојран и во Стар Дојран.
Демократската партија на Албанците ќе има митинг во општина Теарце.
На нивните митинзи ќе се обратат и кандидатите за претседател на Република Македонија – Ѓорге Иванов, Стево Пендаровски, Зоран Поповски и Илјаз Халими.
Конвенција и промоција на кандидатите за пратеници ќе имаат и Националната демократска преродба (НДП) – во Куманово и ВМРО-народна партија – во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


