| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ќе бидат набавени 300.000 таблети за сите ученици

audi-tablet
Учениците ќе добијат 300.000 таблети и нови интерактивни табли, кои ќе овозможат унапредување на образованието и поквалитетна настава.
Ова денеска го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како дел од програмата за претстојните избори.

-Осовременување на наставата и нови 300.000 таблети со тастатури за сите ученици во основно и средно образование во наредните 4 години. Ќе продолжи набавката на интерактивни табли за внесување нови дигитални содржини за поквалитетна настава. Продолжуваме со обезбедување на стипендии за студенти за највисоко рангираните 100 факултети, 200 во техничките науки, , истакна Груевски.

Како дел од мерките за унапредување на образованието, Груевски го најави и спроведување на Кембриџ образовниот систем во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top