
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски одговара на прашања на граѓаните, поставени на Фејсбук:
Впечеток е дека оваа Влада работи на полето на инвестиции. Има ли најава за нова инвестиција, како онаа во Кичево што ја презентиравте пред некој ден?
Груевски: Да, вечерва на митингот објавивме нова инвестиција, фирмата Диа тек, со седиште во Северна Италија, производител на машини за печатарски услуги. Ќе отворат фабрика во Скопје. Објавија на својот сајт. Имавме контакти со нив подолго време. Последните директни контакти ги направија Пешевски и Мизо и конечно оваа компанија ја одбра Македонија, како земја која најмногу им одговара по сите параметри. Денеска ни соопштија дека има согласност и можеме отворено да зборуваме за инвестицијата. Планираат 200 директни вработувања. Ќе има и индиректни вработувања. Пред 10 дена најавивме нова инвестиција во охридско-струшкиот крај. Се работи за позната компанија од автомобилската индустрија. Ќе има 800 вработување. Ќе има и нови инвестиции.
Годинава би требало да имаме над 20 компании кои ќе најават инвестиција во Македонија. Поголем дел од нив ќе работат во најмен простор, додека ја градат фабриката. Се работи за компании што ќе инвестираат во различни краеви од земјата. Сега сме во преговори за голема фабрика во северо-источниот дел од Македонија. За десетина дена би требало да соопштиме повеќе детали. Повеќе луѓе се ангажирани на привлекување на странски инвестиции. Сите работиме на тоа поле. Главен проблем ни е невработеноста и работиме на решавање на тоа.
Фабриките вработуваат со пониски плати, и со тек на време ги покачуваат платите. добро е што фабриките што дојдоа, се шират, градат втора зграда и тоа носи нови вработувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


