Едно семејство кое брои четри члена за пристоен живот месечно му се потребни околу 60 илјади денари. За самец се доволни меѓу 10 и 20 илјади денари, а семејство со едно дете или без дете за да ги задоволи потребите, потребни му се 30 илјади денари. Ова се пресметки на Македонската платформа за борба против сиромаштијата, пишува дневниот „Утрински весник’.
Со истражувањето биле опфатени 73 лица од различни националности и од семејства со најразличен број на членови, при што 36 од нив не биле осигурени, а 24 биле невработени. Според анкетираните, главни генератори на сиромаштијата се невработеноста, ниската законски утврдена минимална плата и нискиот износ на социјална помош, како и ригорозните услови за корисниците на социјална помош.
– Нивото на социјална помош треба да се зголеми, а за да се постигне тоа треба да се зголемат и минималните лични доходи – рече Мила Царовска, претседател на МППС на трибината. Таа укажа дека актуелниот систем, кој на примателите на социјална помош не им се дозволува да работат, не функционира.
– Со тоа им се намалува можноста да најдат работа, но и мораат да се кријат ако работат од страв дека ќе бидат откриени и ќе ја изгубат и онака ниската социјална помош, која не им е доволна за опстанок – додаде Царовска.
– Правото на минимален достоинствен приход е основно човеково право и тој во Европа е 60 отсто од расположливиот просечен семеен приход – истакна Сиан Џонс, од Европската мрежа за борба против сиромаштијата. Таа смета дека минималниот достоинствен приход не е исто што и минималниот личен доход, кој во најголем дел европски земји е пренизок.
– Но, со воведувањето на овие социјални категории, сиромаштијата е намалена за една третина во земјите кога стапиле во сила – смета Џонс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Десковска и Царовска молчат, Јовановска потврди дека процесот против Јанкуловска е политичка одмазда
-
Јоци до Мила Царовска: Спиеш ли мирно министерке? Малку жал да имаше? Не е твој буџетот, наш е
-
Митревски: Ништовно решението на министерката Царовска
-
ЛГБТ активистот Боки 13: Сакам да посвојам 3 деца, ќе поднесам барање до мојата пријателка од СДСМ, министерката Царовска