| четврток, 6 декември 2018 |

Јоци до Мила Царовска: Спиеш ли мирно министерке? Малку жал да имаше? Не е твој буџетот, наш е

Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци која беше дел од шарената револуција, на фејсбук со жестоки зборови кон министерскката Мила Царовска за непреземање на мерки и помагање на слепо лице од Старо Нагоричане.

(ФБ статус на Јорданка Ивановска- Јоци)

Ако ви се верува, а мене не, детето со оштетен вид од Старо Нагоричане, уште оди пеш до училиште, со километри, веќе цела година од објавување на прикаската, а семејството нема саниран дом или пак нов, никаква помош, иако им беше ветено од Ременски.

Станува збор за луѓе со посебни потреби.

Министерката Мила Царовска се оградила.

Спиеш ли мирно, министерке ?
Малку жал да имаше ?
Живеат на крајот на светот, во најзафрленото и пусто место. Полуслепи. Сиромашни до коска. Утепани од црната судбина.

Па, помогни им, пи*ка му матер, за што те биравме ? Не е твој Буџетот, наш е. – напиша Јоци на фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top