| четврток, 6 декември 2018 |

ЛГБТ активистот Боки 13: Сакам да посвојам 3 деца, ќе поднесам барање до мојата пријателка од СДСМ, министерката Царовска

Самонаречениот хуманитарец, ЛГБТ активистот, пријателот на Зоран Заев и поддржувач на СДСМ, Боки 13 изјави дека сака да посвои три деца.

Боки 13 најави дека во понеделник ќе поднесе барање до надлежното министерство за труд и социјална политика, каде што министерка е неговата пријателка и поддржувач Мила Царовска од СДСМ.

Нагласи дека очекува позитивен одговор, затоа што е во добри односи со целото раководство на СДСМ.

Боки 13 е познат по огромен број на скандали и фијаско на повеќе концерти. Неговата невладина организација нема веб сајт, ниту има повеќе информации во јавноста. Таму допрва се очекуваат скандали.

Тој помошта секогаш ја дели пред многу камери и медиумска помпа, а носи чевли од 3.000 евра и костуми од 1.000 евра, трошејќи најмногу за себе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top