
Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носителите на кандидатските листи, одговараше на прашања поставени од граѓаните на Фејсбук:
Во Карпош пред 10 години ги продолжив терасите од Станот. Дали може и до кога може да ги легализира? Што е со куќата во Кисела Јабука, и таа не е легализирана?
Груевски: Пред две години почнавме со легализација на дивоградби. Засегнати се околу 350 000 домакинство. Работите тргнаа во добар правец. Се запна во поставување на елаборати, по што донесовме одлука тие со социјална помош нема да плаќаат за тоа, ќе најдеме некој да го заврши тоа за нив. Донесовме одлука, која е прифатена од Собрание, да го пролонгираме овој рок до јуни 2015, а за балкони до крајот на 2015 година. Не чекајте, времето лета завршете го тоа на време. Знаете дека направивме симболична сума – 1 евро од квадрат.
Примател на социјална помош од Велес сум. Дали ќе има бесплатен одмор за деца од социјални семејства. Слупнав дека овој проект ќе заврши?
Груевски: Нема да прекине. Праќаме деца на зимски и летен одмор. Децата се задоволни, некои одат првпат на одмор во животот. Посетив дел од нив во Струга. Министерот за труд и социјала ги посети. Интересот и задоволството се големи. Децата имаат право на придружник. Набрзо ќе биде објавен повикот за тие што се приматели на социјална помош да се пријават за одмор.
Следете ги одговорите во живо на Република ТВ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


