| четврток, 6 декември 2018 |

ГРОМ: Креирање на нови работни места

grom stevce zoran pretsedatel (4) (Custom)

Граѓанската опција на Македонија (ГРОМ) кампањата за предвремените парламентарни избори ја почна во Куманово со ветувањата за стабилни институции, еднаквост на граѓаните пред законот, нови работни места.

ГРОМ ќе се залага за национална економија која ќе креиора нови работни места, ќе се залага за децентрализација на моќта во политиката, во економска и регионална смисла, изјави лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски.

Носителот на листата во втората изборна единица Виктор Цветковски вети дека со своите сопартијци ќе докажат пред граѓаните дека тие се домаќини со чесни намери, искрени претставници на нивната мака, храбри луѓе кои ќе се борат за правата и статусот на обичниот човек.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top