| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски во одбрана на Црвенковски

stevo pendarovski

Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски во својот настап на вечерапната дебата проба да го одбрани Бранко Црвенковски изјавувајќи дека Македонија по однос на виталните сектори заостанува дури и во однос на 90-тите години, период кога со државата управуваше токму Црвенковски.

-Македонија во виталните сектори на секое општество и држава заостанува во однос на она што беше во деведесеттите, а да не зборам само за пред 5,6,7 години, рече Пендаровски.

Пендаровски продолжи со познатата реторика на напади, критика и не се задржа на некој конкретен проект или визија. На дебатата можеше да се чуе дека Пендаровски иако бил советник во два кабината на претседатели на РМ,  ја оставил државата со неажурирани и застарени планови за безбедност дури од 1993-та година. Пендаровски се бранеше дека е зачуден од таквата ситуација и дека тоа не било точно иако не се изјасни прецизно дали воопшто се работело за нивно ревидирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top