| четврток, 6 декември 2018 |

Над 95.000 луѓе на митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Голем број граѓани вечерва излегоа  на плоштадот Македонија, каде во моментот се оддржува митингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според проценките, и покрај дождот,  над 95.000 луѓе излегоа да ги слушнат излагањата на носителите на носителите на кандидатските листи за претстојните парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги претстави носителите на листите, со што го означи и стартот на предисборната кампања. владејачката партија излезе со познати имиња, кои имаа голема улога во раководењето на државата во изминатите осум години, додека оваа партија е на власт.

plostad

Покрај тоа, пред насобраниот народ претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов ја претстави својата програма и ја побара поддршката од граѓаните на изборите кои ќе се оддржат наредната недела, на 13 април.

Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top