| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Заев ли е нов, Рада ли е нова, советникот на Бранко ли е нов?

miting vmro

Никола Попоски, носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборна единица 6, пред граѓаните кои се присутни на големиот митинг во Скопје нагласи дека како и до сега, фокусот на партијата ќе остане на отворање нови работни места, нови дела и нови проекти за Македонија.

Попоски истакна дека македонскиот народ го памети она што го поминал, памети и не заборава.

-Што е ново, не може некој да ви праќа емисари и бивши советници или луѓе кои правеле пустош. Заев ли е нов, Рада ли е нова? Советникот на Бранко ли е нов? Заборавија дека народот македонски знае. Знае, памети и не заборава. Има разлика.Ние стоиме пред вас, заедно со вас. Вие знаете добро кои сме и со каква посветеност секој ден работиме. Знаете каде се отидовме со цел да донесеме работа, да отвориме фабрики, да градиме, да подобриме. Да воведеме нови идеи, проекти и нови дела за Македонија, истакна тој.

Тој  истакна дека со чесно и отворено срце пред граѓаните ветува дека ќе продолжат со поголема посветеност за нови работни места во Македонија.

-Ќе работиме да помогнеме во клучен сектор во Македонија со нови 600 милиони евра субвенции за земјоделците и да направиме 130 км автопатишта, да ја подобриме инфраструктурата меѓу регионите и населените места низ Македонија. Ќе работиме силно да ја штитиме Македонија и македонските интереси зашто нам Македонија не ни е наследена од предците, ние ја должиме пред се на идните генерации. Додека некој ги изедначува интересите на државата со натпревар по гимнастика, па целта му била колку може повеќе да ја свитка кичмата. Ние се бориме да ја афирмираме земјата и велиме дека сакаме искрени и пријателски односи со сите соседи. Зад Македонија стои правдината и нема да прифатиме да се крши меѓународното право и промена на Уставот за промена на уставното име. Колку сами ќе се почитуваме, толку ќе бидеме почитувани. А заедно сме најсилни, заклучи Попоски.

Во тек е големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ, кој се одржува на градскиот плоштад во Скопје, а кој е посетен од огромна толпа луѓе кои дојдоа да ја искажат својата поддршка за претстојните претседателски и парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top