| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Зборот за нас е програма, отчет, збор кој носи исполнување на ветеното

antoniooo
Носителот на листа во Изборна единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ,Антонио Милошоски, на вечерашниот митинг во Скопје, истакна „Има една народна поговорка која може да го опише овој ден-колку капки дожд толку берикет. Колку што беше дождлив денот толку да има гласов за Иванов и ВМРО-ДПМНЕ.

-По предлог на премиерот Груевски, повторно ми се падна честа да бидам носител на изборна единица 5. Чест е и обврска. Носителот на листата е носителот на одговорноста, носителот на надежта и довербата на граѓаните. Затоа сум задоволен што кандидатите за пратеници од оваа листа се достоинствени луѓе кои ќе ја оправдаат довербата на нашите гласачи, рече Милошоски.

Тој посочи дека досега секогаш се трудел со дело, со секој збор, со секоја постапка да ја оправда довербата, да работи за интерес на државата.

-Зборот за нас е програма, отчет, збор кој носи исполнување на ветеното. Нашиот тим е тим на проверени луѓе со дела, углед, искуство, рече Милошоски.

Тој потсети на два важни моменти кога се работело во тим за доброто на граѓаните.

-Во 2008-ма година добивме задача од премиерот Груевски во најбрзо можно време да ги завршиме сите потребни работи за Македонија да добие визна либерализација. Работевме 2 години, ги исполниве сите задачи и успеавме тоа што не успеаа многу претходни влади. Така работевме и по едно горчливо искуство од самитот на НАТО во Букурешт. Се консултиравме и разговаравме на темата што може и што треба да направиме. Поднесовме тужба во Хаг. Успавме, ги кажавме сите аргументи и покажавме дека аргументот на Македонија го победи аргументот на Грција. Успеавме затоа што имавме смелост, слога и правда. Секогаш двајца луѓе ја даваа најголемата поддршка за нашата правна и историска победа во Хаг, тоа беа претседателот Иванов и премиерот Иванов, рече Милошоски.

Тој порача дека за државата е проблем кога претседател и премиер не соработуваат меѓу себе, како што бил периодот кога Црвенковски беше претседател на Македонија.

– Претседател и премиер кои се сложуваат и си помагаат, имаат време да ги решаваат проблемите и државата е во предност. Го даваме зборот и се обврзуваме дека како ваши пратеници ќе работиме посветено на остварување на секој од они 2046 проекти од новата програма. Се обврзуваме дека ќе работиме посветено за отворање на нови работни места, заклучи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top