
Рената Тренеска-Дескоска, носителот на листа на СДСМ и коалициските партнери за изборната единица 1, првиот ден од изборната кампања беше со граѓаните од општина Аеродром. Ги сослуша нивните проблеми и тешкото секојдневие. Им понуди, наместо несигурна сегашност, визија и нова иднина.
– Ние имаме програма и квалитетни кадри, кои ќе донесат промени – им порача Дескоска на граѓаните на Аеродром.
Носителот на листа Тренеска Дескоска беше на пазарчето во Аеродром, ТЦ Бисер, во паркот во Аеродром. Посебен интерес кај младите за новата програма на СДСМ.
– Во Скопје новата Влада на СДСМ ќе изгради студентски град, како што доликува на голем универзитетски центар. Нека ни е со среќа, да победиме, за нашата иднина и за иднината на младите. За промени и за нов почеток, за подобра Македонија – рече Тренеска Дескоска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


