| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕинго: Волку народ на едно место до сега не сум видел

Ljubisav-Ivanov-Dzingo-1

Ова вечерва на масовниот митинг во Скопје го истакна претседателот на СПМ, Љубисав Иванов-Ѕино кој рече дека во историјата на еден народ, нација и држава, има светли прекрасни моменти, тие моменти народот ги слави, народот се радува и се потсетува на своите херои, на своите големи творци, но за жал, како што нагласи Ѕинго, покрај такви моменти има и една друга страна, има мрачни и темни периоди.

-Еден од таквите беше периодот 1990-2006 година. Јас сакам да ве потсетам на тој период, да ви укажам дека треба да се потсетуваме на таквите периоди за да не ни се повторуваат. Тоа е период на тотална стагнација, големи промашувања на политчки, на социјален, на безбедносен, посебно на економски план. Државата во2006 година беше во банкрот. Се најдоа сили да се бединат околу најголемата партија во Македонија на чело со Никола Груевски и да се стави крај на тој хаос. Ќе ве потсетам дека тогаш ја имавме најголемата невработеност од постоењето на македонската држава, имавме вработени кои практично беа невработени, пензионерите не земаа пензии и по четири- пет месеци , нивните пензии ги јадеше инфлација. Имавме огромен број социјални случаи, рече Љубисав Иванов.

Тој рече дека кога потсетува на тоа, сака да каже дека тие што го направија тоа сега настојуваат да го променат рувото.

-Мислат дека лесно можат да не’ преварат, ама народот рекол волкот ги менува влакната, но не и карактерот. Треба да бидеме доволно внимателни, не смее да ни се повторат таквите пропусти. Нема да зборувам за тоа што направиивме од 2006 до 2014, затоа ќе зборуваат претседателот на државата и посебно претседателот на Владата, рече Ѕинго.

Тој рече дека Иваов и Груевски дадоа отчет, некој што досега никој не го направил, а не го направиле затоа што не направиле ништо корисно и не оставиле ништо зад себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top