| четврток, 6 декември 2018 |

Заев по патот на Црвенковски – Бранко не понесе одговорност по изгубените избори

Бран­ко Цр­вен­ков­ски по­ка­жа де­ка е чо­век што не са­ка и не знае да пре­зе­ме од­го­вор­ност за пре­тр­пен по­раз. Тоа го до­ка­жа на из­бо­ри­те во 1998 го­ди­на, ко­га и по­крај по­ра­зот од Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, то­гаш­ни­от ли­дер на ВМРО-ДПМНЕ, оста­на на че­ло на пар­ти­ја­та. Во 2011 го­ди­на СДСМ за­гу­би од ВМРО-ДПМНЕ – 42 пра­те­ни­ци на СДСМ, нас­про­ти 56 осво­е­ни пра­те­нич­ки ме­ста од стра­на на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја. И оста­на на по­зи­ци­ја­та на ко­ја бе­ше

Tema82-1

Мо­же­би не се слу­чу­ва ни­ка­де во све­тот, но во Ма­ке­до­ни­ја се слу­чу­ва, и тоа не за прв­пат, ту­ку втор­пат, и тоа во ед­на иста пар­ти­ја – ли­дер да не ја пред­во­ди сво­ја­та пар­ти­ја во би­тка за вла­ста. Ли­де­рот на СДСМ, Зо­ран За­ев, ре­ши да не се по­ја­ви ка­ко но­си­тел на кан­ди­дат­ска ли­ста, а исто­то го на­пра­ви и не­го­ва­та за­ме­нич­ка Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска. Исто­то тоа го на­пра­ви Бран­ко Цр­вен­ков­ски на пос­лед­ни­те пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри во 2011 го­ди­на. Цр­вен­ков­ски не се нај­де на ни­ту ед­на од ли­сти­те на СДСМ. Во би­тка во скоп­ска „еди­ни­ца“, про­тив но­си­те­лот на ли­ста­та на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, вле­зе Ше­ке­рин­ска, ко­ја три го­ди­ни прет­ход­но, ка­ко ли­дер на СДСМ, до­жи­ве­а­ја ка­та­стро­фа­лен по­раз. Цр­вен­ков­ски, ка­ко што ка­жаа то­гаш од пар­ти­ја­та, до­би уло­га на прв зна­ме­но­сец… СДСМ ги за­гу­би из­бо­ри­те – 27 нас­про­ти 63 осво­е­ни пра­те­нич­ки ме­ста на ВМРО-ДПМНЕ. По овие из­бо­ри Бран­ко Цр­вен­ков­ски оста­на на че­ло на пар­ти­ја­та. Не по­не­се од­го­вор­ност за ка­та­стро­фал­ни­от по­раз, иа­ко са­ма­та пар­ти­ја го ба­ра­ше тоа од ли­де­рот во 2006 го­ди­на, Вла­до Буч­ков­ски, кој до­жи­ве­а­ја по­раз од ВМРО-ДПМНЕ. Кај Цр­вен­ков­ски не­ма­ше мо­рал и ети­ка. Тој си оста­на на сво­ја­та по­зи­ци­ја. Буч­ков­ски и Ше­ке­рин­ска вле­гоа во би­тка со ВМРО-ДПМНЕ, иа­ко беа свес­ни де­ка ќе ги за­гу­бат из­бо­ри­те, и со­се­ма мо­рал­но и етич­ки по­не­соа од­го­вор­ност – ед­ни­от на ба­ра­ње на пар­ти­ја­та, дру­ги­от од лич­но убе­ду­ва­ње. Но тоа не се слу­чи со Цр­вен­ков­ски, а ве­ро­јат­но не­ма да би­де слу­чај ни­ту со Зо­ран За­ев.

Бран­ко Цр­вен­ков­ски по­ка­жа де­ка е чо­век што не са­ка и не знае да пре­зе­ме од­го­вор­ност за пре­тр­пен по­раз. Ба­ра од дру­ги­те, ка­ко од Буч­ков­ски на вре­ме­то, но ко­га се ра­бо­ти за не­го, тоа не ва­жи. Тоа го до­ка­жа на из­бо­ри­те во 1998 го­ди­на, ко­га и по­крај по­ра­зот од Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, то­гаш­ни­от ли­дер на ВМРО-ДПМНЕ, оста­на на че­ло на пар­ти­ја­та. Во 2011 го­ди­на СДСМ за­гу­би од ВМРО-ДПМНЕ – 42 пра­те­ни­ци на СДСМ, нас­про­ти 56 осво­е­ни пра­те­нич­ки ме­ста од стра­на на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја. И оста­на на по­зи­ци­ја­та на ко­ја бе­ше. Се кри­е­ше ка­ко ној, кој ко­га е во опас­ност ја тур­ка гла­ва­та в пе­сок, из­бег­ну­вај­ќи да по­не­се од­го­вор­ност. Си оста­на на кор­ми­ло­то на пар­ти­ја­та уште две го­ди­ни – до 2013 го­ди­на, ко­га на сце­на ста­пи Зо­ран За­ев, чо­век што до де­нес не мо­же да се ос­ло­бо­ди од вли­ја­ни­е­то на Цр­вен­ков­ски. Зо­ран За­ев го про­дол­жи па­тот на Цр­вен­ков­ски. Ка­ко пр­ви­от, та­ка вто­ри­от. Се дви­жи по исти­от курс, из­бег­ну­вај­ќи со­о­чу­ва­ње со на­ро­дот. Се трг­на од кан­ди­дат­ски­те ли­сти, ве­ро­јат­но во обид да се трг­не и од пре­зе­ма­ње­то од­го­вор­ност, све­сен де­ка не ус­пеа за ед­на го­ди­на да ја ста­ви пар­ти­ја­та на по­ста­бил­ни но­зе за да мо­же да ѝ па­ри­ра на ВМРО-ДПМНЕ и на ви­со­ки­от реј­тинг што го ужи­ва пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски.

 

 

2002 го­ди­на – СДСМ 60, ВМРО-ДПМНЕ 33

На пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри во 2002 го­ди­на по­бе­ди то­гаш опо­зи­ци­ска­та ко­а­ли­ци­ја „За Ма­ке­до­ни­ја за­ед­но“, по што по че­ти­ри­го­диш­на па­у­за на власт се вра­ти Со­ци­јал­де­мо­крат­ски со­јуз на Ма­ке­до­ни­ја. По ова, Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, ка­ко ли­дер на ВМРО-ДПМНЕ на пар­ти­ски­от кон­грес во Охрид во мај 2003 го­ди­на се пов­ле­че од ли­дер­ска­та функ­ци­ја, а на не­го­во ме­сто за пре­тсе­да­тел на пар­ти­ја­та бе­ше е из­бран Ни­ко­ла Гру­ев­ски. На из­бо­ри­те во 2002 го­ди­на во пр­ва­та из­бор­на еди­ни­ца на Бран­ко Цр­вен­ков­ски, ка­ко но­си­тел на кан­ди­дат­ска­та ли­ста, му се спро­тив­ста­ви Ни­ко­ла Гру­ев­ски. Во „двој­ка“ ко­а­ли­ци­ја­та на СДСМ ја пред­во­де­ше Три­фун Ко­стов­ски, ка­де што за про­тив­ник го има­ше Сто­јан Ан­дов. Во „трој­ка“ се су­дри­ја Ти­то Пе­тков­ски и Љу­бе Бо­шков­ски, а во че­твор­ка на но­си­те­лот од ко­а­ли­ци­ја­та на СДСМ, Пе­тар Го­шев, му се спро­тив­ста­ви Ма­ри­јан Ѓор­чев, ка­ко но­си­тел од ко­а­ли­ци­ја­та на ВМРО-ДПМНЕ. Во „пе­тка“ се со­о­чи­ја Ни­ко­ла По­пов­ски со то­гаш­ни­от ли­дер на ВМРО-ДПМНЕ Ге­ор­ги­ев­ски. Во „шес­тка“, пак, но­си­тел­ка­та на СДСМ, Или­на Ми­тре­ва за про­ти­вкан­ди­да­тка ја има­ше Ган­ка Са­мо­и­лов­ска-Цве­та­но­ва.

Tema82-tbl2002

 

 

2006 го­ди­на – Буч­ков­ски за­гу­би од Гру­ев­ски

СДСМ ус­пеа да се за­др­жи на власт са­мо еден ман­дат. Ве­ќе во 2006 го­ди­на, то­гаш­на­та опо­зи­ци­ја, пред­во­де­на од Гру­ев­ски ги до­би из­бо­ри­те. 45 пра­те­нич­ки ме­ста ѝ при­пад­наа на ко­а­ли­ци­ја­та пред­во­де­на од ВМРО-ДПМНЕ, а 32 на ко­а­ли­ци­ја­та пред­во­де­на од СДСМ. То­гаш ли­дер на СДСМ бе­ше Вла­до Буч­ков­ски, од ко­го по из­бор­ни­от по­раз од Буч­ков­ски бе­ше по­ба­ра­но да под­не­се оста­вка на функ­ци­ја­та пре­тсе­да­тел на СДСМ. Тој се спро­тив­ста­ву­ва­ше на ва­кво­то ба­ра­ње, но на кон­фе­рен­ци­ја­та на пар­ти­ја­та му бе­ше изг­ла­са­на не­до­вер­ба и тој бе­ше при­ну­ден да се пов­ле­че од пре­тсе­да­тел­ско­то ме­сто во СДСМ. Буч­ков­ски ка­ко ли­дер на СДСМ бе­ше но­си­тел на ли­ста­та во скоп­ска „еди­ни­ца“, за про­ти­вкан­ди­дат го има­ше Гру­ев­ски. Во „двој­ка“ на Јо­ван Ма­на­си­ев­ски му се спро­ти­ста­ви Трај­ко Сла­вев­ски, во „трој­ка“ се од­ви­ва­ше ду­е­лот Ни­ко­ла По­пов­ски – Вла­тко Ѓор­чев, а во „че­твор­ка“ на пот­пре­тсе­да­тел­ка­та на СДСМ, Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска, ѝ се спро­ти­ста­ви Сил­ва­на Бо­не­ва, ко­ја го до­би ме­чот со 7:11. Во пет­та­та из­бор­на еди­ни­ца Илин­ка Ми­тре­ва ка­ко про­ти­вкан­ди­дат го има­ше Љу­би­ша Ге­ор­ги­ев­ски, а во ше­ста­та из­бор­на еди­ни­ца Ја­ни Ма­кра­ду­ли на спро­тив­на­та стра­на го има­ше Ан­то­нио Ми­ло­ше­ски. Тие играа не­ре­ше­но – по два пра­те­ни­ка на две­те стра­ни.

Tema82-tbl2006

 

 

2008 го­ди­на – Ше­ке­рин­ска до­жи­веа де­бакл

Во 2008 го­ди­на Ма­ке­до­ни­ја по­втор­но гла­са­ше, овој пат на пред­вре­ме­ни из­бо­ри. Ко­а­ли­ци­ја­та „За по­до­бра Ма­ке­до­ни­ја“, пред­во­де­на од ВМРО-ДПМНЕ, освои ду­ри 63 пра­те­нич­ки ме­ста. То­гаш Гру­ев­ски ѝ на­не­се ка­та­стро­фа­лен по­раз на Ше­ке­рин­ска, ко­ја бе­ше ли­дер на СДСМ. Ко­а­ли­ци­ја­та пред­во­де­на од СДСМ освои са­мо 27 пра­те­нич­ки ме­ста. Ше­ке­рин­ска си под­не­се оста­вка по­ра­ди ка­та­стро­фал­ни­от по­раз што го до­жи­веа. ВМРО-ДПМНЕ на овие из­бо­ри освои ду­ри 177.000 по­ве­ќе гла­со­ви од тие во 2006 го­ди­на. Ше­ке­рин­ска ка­ко но­си­тел на ли­ста­та во пр­ва­та из­бор­на еди­ни­ца се со­о­чи со Гру­ев­ски, а крај­ни­от ре­зул­тат бе­ше 11:5 во ко­рист на Гру­ев­ски. Во „двој­ка“ се со­о­чи­ја Трај­ко Сла­вев­ски од ВМРО-ДПМНЕ и Јо­ван Ма­на­си­ев­ски од ко­а­ли­ци­ја­та на СДСМ, во „трој­ка“ на Вла­тко Ѓор­чев про­тив­ник од опо­зи­ци­ја­та му бе­ше Ти­то Пе­тков­ски, а Зо­ран Ста­врев­ски за про­тив­ник го до­би Зо­ран За­ев во че­твр­та­та из­бор­на еди­ни­ца. За­ев ка­ко но­си­тел на ли­ста­та ус­пеа да зе­ме се­дум пра­те­нич­ки ме­ста, нас­про­ти 13 ме­ста, кол­ку што освои Ста­врев­ски. Во „пе­тка“ се су­дри­ја Ан­то­нио Ми­ло­ше­ски и Ја­ни Ма­кра­ду­ли, а во ше­ста­та из­бор­на еди­ни­ца су­ди­рот бе­ше ме­ѓу Гор­да­на Јан­ку­лов­ска и Игор Ива­нов­ски – Ше­ма.

Tema82-tbl2008

 

 

СДСМ за­гу­би, Цр­вен­ков­ски из­бег­на од­го­вор­ност

Пос­лед­ни из­бо­ри беа тие во 2011 го­ди­на, ко­га Цр­вен­ков­ски из­бег­на со­о­чу­ва­ње со Ни­ко­ла Гру­ев­ски и ре­ши да би­де зна­ме­но­сец. Не­го­ва­та СДСМ ги за­гу­би из­бо­ри­те со 69.500 гла­са по­мал­ку од тие што ги освои пар­ти­ја­та на Гру­ев­ски. Во пр­ва­та из­бор­на еди­ни­ца, на со­о­чу­ва­ње со Гру­ев­ски, по­втор­но ја пу­шти Ше­ке­рин­ска. Во „двој­ка“ се со­о­чи­ја Гор­да­на Јан­ку­лов­ска и Ана Пав­лов­ска-Да­не­ва, во „трој­ка“ су­ди­рот бе­ше ме­ѓу Вла­тко Ѓор­чев и Стев­че Ја­ки­мов­ски, а во „трој­ка“ по­втор­но има­ше ду­ел Зо­ран Ста­врев­ски и Зо­ран За­ев. И овој су­дир за­вр­ши во ко­рист на Ста­врев­ски. Во пе­та­та из­бор­на еди­ни­ца си­ли­те ги из­ме­ри­ја Ан­то­нио Ми­ло­шо­ски и Ја­ни Ма­кра­ду­ли, а во ше­ста­та на Ни­ко­ла То­до­ров му се спро­ти­ста­ви Стој­ко Па­у­нов­ски, кој и на прет­стој­ни­те из­бо­ри ќе би­де но­си­тел на ли­ста.

Tema82-tbl2011

 

Пишува: Билјана Зафирова

(Текст објавен во 82. број на неделникот „Република“, 28.03.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top