Државната изборна комисија согласно решенијата на Управниот суд, ќе впише 524 македонски државјани во посебниот избирачки список за Тирана за гласањето за предвремените парламентарни избори закажани за 27 април.
ДИК на затворена седница во неделата ги одби барањата на 639 лица пријавени за гласање во Тирана, со образложение дека немале целосна документација, кое подоцна беше објавено на нивната веб-страна.
– Овој преглед што денеска се наоѓа пред покажува дека бевме во право ние што бевме за запишување на овие лица во единствениот Избирачки список во Тирана. Станува збор за луѓе кои имаа уредно доставено своја документација – изјави членот на ДИК Влатко Сајковски.
Потпретседателот на ДИК, Субхи Јакупи, смета дека судиите од Управниот суд кои ги донеле овие решенија треба да бидат дадени пред Судскиот совет и се иззема од констатирањето на решенијата на судот. Според него, лицата што поднеле пријава за гласање во документите немале впишано улица, број и општина во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
ЈO ќе ги гони оние кои фотографираат гласачи и го попречуваат гласањето
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција



