| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски: Македонија мора да биде мајка за сите

pendarovski

Македонија мора да биде мајка за сите, а не маќеа за некои. Затоа не можам да ги поддржам и да ги разберам, во 21 век повиците за етничка мобилизација, повиците на едно етничко трло, наспроти повиците на друго етничко трло. Ниту еден глас да не добијам од никого, јас ќе ја застапувам оваа теза, рече синоќа кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски.

Тој од Охрид ја обвини актуелната власт дека за 7 и пол години, како што рече, направила 7,5 километри асфалт на патиштата, што, според него, го назадува туризмот.

– Имате катастрофална инфраструктура до вашиот град. Имаат 300 милиони евра фрлено во споменици, а немаат нормален пат, пристап до Охрид направено. Наместо споменици, ако парите ги вложувавме во капитални објекти, денеска ќе имавме и повеќе туристи и повеќе работа и подобри бизниси – рече Пендаровски.

На синоќешниот митинг во Охрид, кандидатот за претседател на Република Македонија најави дека вечерва ќе има дуел со претседателот и кандидат за втор мандат од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Подобра Македонија“, Ѓорге Иванов, на Македонската телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top