| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот ја најави најдобрата програма досега со 2046 проекти

grujoПремиерот Никола Груевски вечерва најави дека утре во Скопје ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе ја промовираат својата програма за парламентарните избори.
Тој посочи дека изминатиов период, на барање на СДСМ се направиле низа измени во Законот за избори. Нејасни елементи и глупости, реле влегоа во законот само за да ги удоволиме опозиционерите и да не зборат дека изборите не биле онакви како што треба да бидат.

-Се им прифативме. Затоа изминативе денови молчиме, не зборуваме ништо конкретно за она што ќе го понудиме за Македонија за наредните 4 години. Но, драги пријатели, не делат уште 24 часа кога утревечер на скопскиот плоштад ќе ја промовираме новата програма за наредните 4 години. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. Само уште 24 часа и народот ќе може да види какви сериозни и крупни проекти се планираат за наредните 4 години. Нови 2046 проекти во програмата ќе можете да ги видите од утре па натаму. Од утре ќе почнеме да разговараме со конкретни работи, со конкретни дела. Тука е нашата сила. Тука е нашата моќ, рече Груевски.

Тој истакна дека со СДСМ се разликуваат во најмалку 2 работи- дадениот збор и квалитетот на програмата за развој на Македонија.

-Тешко се стекнува доверба, а лесно се губи. Затоа програмата ја подготвувавме многу внимателно. Со пресметки, многу собрани луѓе, експерти. Собиравме многу идеи од сите страни, од граѓани, од експерти од Македонија и странство. По многу анализи ја составивме таа програма со 2046 проекти за граѓаните на Република Македонија. Ние знаеме дека најголем проблем во Македонија е економијата и невработеноста. На тоа сме најмногу насочени и до сега и ќе останеме најмногу фокусирани во идниот период, рече Груевски.

Тој оваа програма ја најави како најдобра и најквалитетна програма промовирана било кога досега во Македонија. Рече, СДСМ никогаш немале програма, па мора да се споредуваме со нашите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top