| четврток, 6 декември 2018 |

ЕХФ падна под притисок на Грција

 

Европската ракометна федерација попушти пред барањето на Грција и ѝ наложи на македонската репрезентација на дресовите да не ѝ стои името Македонија.

Младите ракометари, кои играат на квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на Европското првенство за играчи до 20 години, вечерва ја совладаа репрезентацијата на Италија со 24:22, а на своите дресови не го носеа името Македонија.

И покрај тоа што за тие натпревари е одговорна Светската ракометна федерација, најверојатно и во квалификацискиот двомеч против Грција за пласман на Светското првенство во 2015 година, кој ќе се игра во јуни во Скопје и во Атина, македонскиот тим нема да може да го носи уставното име на своите дресови.

фото: ekipa.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top