По скандалот што го обелодени Мендух Тачи и понизниот однос на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кон првиот човек на ДПА и молбите за соработка, тоа што сега може да се забележи е додворувачки однос на СДСМ кон партијата на Али Ахмети, пишува „Курир“.
Партиски извори коментираат дека Заев се решил да понуди поблиска соработка кон ДУИ, по објавувањето на пораките од Мендух Тачи, нешто што официјално СДСМ не го негираше досега, со што се упропастија сите изгледи за соработка со оваа партија, по што Заев со слични методи и на понизен начин испраќа сигнали и понуда за соработка до ДУИ.
Во јавноста веќе се појавија СМС со кои Заев се обидувал да го наговори лидерот на ДПА Мендух Тачи на соработка.
-Претседателе. Ве молам да се слушнеме. Барем еден разговор. Благодарам Зоран Заев. Перспективите во регионот се воспоставување на соработка со тројката која ќе има големи поддрчи во иднина, а тоа сте вие, Харадинај и Бериша. Затоа ме подготвуваат и повисоките надвор од Македонија. Ве молам да разговараме. Зоран Заев – стои во пораките испратени од Заев до Тачи, обелоденети од лидерот на ДПА.
Дека СДСМ се додворува на ДУИ се гледа во насловите со кои излегуваат медиумите блиски до СДСМ, што според познавачите упатува на извесно кокетирање, нешто на што ДУИ до сега стои рамнодушна единствено поради фактот што и ним им е јасен победникот на овие избори и тоа кој ја има мнозинската поддршка кај гласачкото тело.
Извори од партијата укажуваат дека СДСМ сами брифирале до дел од медиумите кои се под нивна контрола и на тој начин сакаат да издејствуваат поддршка од ДУИ. Па така, на опозициските медиуми може да се прочитаат наслови дека ДУИ пред вториот круг ќе го поддржи Пендаровски, пишува „Курир“.
-Не е исклучено ДУИ пред вториот круг да го поддржи Пендаровски – пишува„Либертас“, портал на еден од главните медиумски перјаници на СДСМ, Ацо Кабранов.
Уште еден портал, кој е под директна контрола на СДСМ, „Бриф.мк“, кој е во сопственост на пратеничката поддржана од СДСМ, Ленче Николовска пишува дека ДУИ пред вториот круг ќе го поддржи Пендаровски.
Исто така, во последниот период составен дел од насловите присутни на опозициските портали се и промо текстови за активностите на ДУИ, кои за разлика од порано, сега ревносно се пренесуваат во овие медиуми.
– ЕУ И НАТО во фокусот на ДУИ – пренесува „Телма“, додека „Либертас“ пишува дека „ДУИ е лута затоа што се злоупотребува идејата за консензуален претседател“, пренесувајќи ја изјавата на Ахмети дека„интегрирањето во ЕУ и во НАТО е света задача за ДУИ“.
Според информациите, засега ДУИ останува имуна на ваквиот додворувачки однос, пред сè поради фактот што и ним, според анкетите и информациите од теренот, им е познато дека ВМРО-ДПМНЕ е извесен победник на изборите, а со тоа и надежта дека ќе треба да формираат влада токму со ова партија. Секако, треба да се земе во предвид и фактот дека доколку би се случила соработка меѓу СДСМ и ДУИ, познавачите сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да остане без одговор по изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.