| четврток, 6 декември 2018 |

Нимиц во мисија за итен прием на Македонија во НАТО

Це­лос­но над­вор од до­се­гаш­на­та пра­кти­ка на ми­ру­ва­ње на по­сред­ниш­тво­то за вре­ме на из­бо­ри, по ди­ре­ктен на­лог на Ва­шин­гтон, впро­чем ка­ко и до­се­га, Ни­миц ќе се оби­де да ја за­бр­за ка­пи­ту­ла­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја за да нѐ вне­сат во али­јан­са­та уште на­е­сен. На се­кој до­бро­у­па­тен му е јас­но де­ка тоа ќе би­де крај­но те­шко да се по­стиг­не иа­ко мо­жат да се оче­ку­ва­ат раз­ни мор­ков­чи­ња, сме­та по­ра­неш­ни­от ам­ба­са­дор Ни­ков­ски

Ќе има ли но­во про­ши­ру­ва­ње на НА­ТО оваа есен? Ка­кви се шан­си­те за Ма­ке­до­ни­ја ко­неч­но да го до­бие зас­лу­же­но­то ме­сто во Се­вер­но­ат­лант­ски­от со­јуз без сог­лас­ност за ка­пи­ту­ла­ци­ја за име­то? Да­ли не­на­деј­на­та по­ка­на на по­сред­ни­кот Ни­миц за но­ва руд­на пре­го­во­ри е дел од по­го­ле­ми­от план на НА­ТО со кој тре­ба да се рас­чи­сти единс­тве­на­та преч­ка за ит­но зач­ле­ну­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја? Овие ди­ле­ми се на­мет­наа во ма­ке­дон­ска­та јав­ност отка­ко ми­на­та­та не­де­ла НА­ТО по­твр­ди де­ка про­ши­ру­ва­ње­то по­втор­но се вра­ќа ви­со­ко на аген­да­та на али­јан­са­та. Глав­на­та при­чи­на за акту­а­ли­зи­ра­ње­то на ова пра­ша­ње е кри­за­та во Укра­и­на и по­те­зи­те на ру­ски­от пре­тсе­да­тел Вла­ди­мир Пу­тин со кои али­јан­са­та, пред­во­де­на од САД, се нај­де во не­за­вид­на по­зи­ци­ја по­ра­ди за­гро­зе­ни­те стра­те­ги­ски ин­те­ре­си во Евро­па. Мо­ќта и ре­ши­тел­но­ста што ги пре­зен­ти­ра­ше Ру­си­ја, очиг­лед­но, ги за­тек­на со­јуз­ни­ци­те во НА­ТО и во исто вре­ме им го стес­ни кру­гот за по­ли­тич­ки ма­не­ври со ас­пи­ран­ти­те за членс­тво, па та­ка се­га се нај­доа во си­ту­а­ци­ја да раз­мис­лу­ва­ат мно­гу по­ра­ци­о­нал­но за да ги за­шти­тат по­зи­ци­и­те што ги има­ле пред кри­за­та.

За по­ра­неш­ни­от ам­ба­са­дор Ри­сто Ни­ков­ски не­ма сом­не­ва­ње де­ка Ру­си­ја ќе се вра­ти на го­ле­ма вра­та на Бал­ка­нот, по кул­ми­на­ци­ја­та на су­ди­рот ме­ѓу Ва­шин­гтон и Мос­ква око­лу Укра­и­на.

– По рас­па­дот на Ју­гос­ла­ви­ја, отка­ко САД ста­наа гла­вен фа­ктор во ре­ги­о­нот, Ру­си­ја се пов­ле­че из­бег­ну­вај­ќи ди­рект­на кон­фрон­та­ци­ја. Се­га, ра­бо­ти­те со­се­ма се из­ме­ни­ја и ве­ќе не­ма про­стор за та­ква ап­сти­нен­ци­ја. Слу­чу­ва­ња­та во Укра­и­на и око­лу неа се про­ме­ни­ја од тре­втон­ски ка­ра­ктер во Евро­па, со не­сог­лед­ли­ви, дол­го­роч­ни пос­ле­ди­ци. Но­ва свет­ска вој­на не­ма да има, ама сту­де­на­та е ту­ка и ќе оста­не – оце­ну­ва Ни­ков­ски.

Ед­на од при­чи­ни­те зо­што пра­ша­ње­то по­втор­но се вра­ќа ме­ѓу при­о­ри­те­ти­те на НА­ТО, спо­ред дол­го­го­диш­ни­от дип­ло­мат Љуп­чо Ар­сов­ски, е по­тре­ба­та од си­гур­на по­ткре­па од си­те зем­ји на Бал­ка­нот кои че­ка­ат во пре­тсоб­је­то на НА­ТО.

– До­кол­ку Бал­ка­нот комп­лет­но ста­не дел од НА­ТО, со прик­лу­чу­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја, Цр­на Го­ра, Бос­на од ед­на и на Гру­зи­ја од дру­га­та стра­на, то­гаш стра­те­ги­ско-по­ли­тич­ка­та по­зи­ци­ја на Ру­си­ја ќе би­де до­ве­де­на во не­за­вид­на со­стој­ба од по­ли­тич­ки, еко­ном­ски и од друг ас­пект. Пра­ша­ње е да­ли ќе мо­же Ру­си­ја и на­та­му да кал­ку­ли­ра со енер­гет­ски­те по­тен­ци­ја­ли ка­ко адут во пре­го­во­ри или да­ва­ње од­го­вор до­кол­ку пр­во дој­де до одре­де­ни санк­ции, а по­доц­на и до из­вес­на еска­ла­ци­ја. До­кол­ку дој­де до при­ем на бал­кан­ски­те зем­ји во дог­лед­но вре­ме, то­гаш тре­ба да се би­де вни­ма­те­лен со од­го­во­рот на Ру­си­ја – ве­ли дип­ло­ма­тот Љуп­чо Ар­сов­ски.

Офи­ци­јал­на­та од­лу­ка да­ли во­оп­што ќе се ди­ску­ти­ра за про­ши­ру­ва­ње­то на сеп­тем­ври­ски­от са­мит во Велс и ка­ков ќе би­де при­ста­пот кон се­кој од ас­пи­ран­ти­те, ќе се ре­ша­ва за три ме­се­ци. За­се­га ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на НА­ТО, Ан­дрес Фог Рас­му­сен, сме­та де­ка е прем­но­гу ра­но да се да­дат про­це­ни ка­ко али­јан­са­та ќе по­ста­пи со се­ко­ја од че­ти­ри­те зем­ји-кан­ди­да­ти. Се­пак, и по­крај но­во­на­ста­на­та­та си­ту­а­ци­ја, офи­ци­јал­ни­от став на НА­ТО е де­ка (ба­рем за се­га) не се ме­ну­ва ста­вот кон Ма­ке­до­ни­ја – сѐ уште е ус­лов ре­ше­ние за име­то.

– Уште во 2008 го­ди­на на са­ми­тот во Бу­ку­решт ре­шив­ме де­ка сме под­го­тве­ни да упа­ти­ме по­ка­на за членс­тво ко­га ќе се нај­де за­ем­но­при­фат­ли­во ре­ше­ние за спо­рот за име­то. Таа од­лу­ка уште стои. Овие акту­ел­ни на­ста­ни не­ма да го сме­нат тоа. Но, се­ка­ко, си­те ги има­ме пред­вид стра­те­ги­ски­те имп­ли­ка­ции од на­ста­ни­те во Крим и во Укра­и­на, и со­о­че­ни со агре­сив­но­то ру­ско од­не­су­ва­ње, од врв­на важ­ност е ние да им да­де­ме на на­ши­те парт­не­ри ре­а­ли­стич­на и ве­ро­до­стој­на евро­ат­лан­ска ал­тер­на­ти­ва на ру­ски­те при­ти­со­ци – из­ја­ви Рас­му­сен.

Aktuelno82-nato-2

Ва­кви­те из­ја­ви од ви­со­ки по­ли­тич­ки фи­гу­ри на НА­ТО, кои упа­ту­ва­ат кон по­тре­ба­та за ис­пол­ну­ва­ње­то на ус­ло­вот да­ден во Бу­ку­решт вр­за­но за ре­ше­ние око­лу отво­ре­но­то пра­ша­ње со на­ши­от ју­жен со­сед, спо­ред Ар­сов­ски, се ја­сен од­го­вор де­ка до чу­до не мо­же да се дој­де на ед­но­ста­вен на­чин.

– Та­ков пре­сврт ба­ра го­ле­ми под­го­то­вки, што зна­чи со­од­вет­ни ди­ску­сии и рас­пра­вии на ид­ни­от са­мит, кои ќе во­дат кон пов­ле­ку­ва­ње или за­бо­ра­ва­ње или за­мрз­ну­ва­ње на поз­на­ти­от зак­лу­чок за Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја од април­ски­от са­мит на НА­ТО во 2008 го­ди­на. Да по­тсе­там, бе­ше зак­лу­че­но де­ка по­ка­на­та е упа­те­на до Ма­ке­до­ни­ја, но ќе се ре­а­ли­зи­ра по ре­ше­ни­е­то со име­то. За­тоа пре­сврт или уште ед­но фор­мал­но упа­ту­ва­ње по­ка­на, спо­ред мое мис­ле­ње, е ре­чи­си не­из­вод­ли­во – сме­та Ар­сов­ски.

Дип­ло­ма­тот од ка­ри­е­ра не са­мо што не оче­ку­ва при­ти­сок врз Гр­ци­ја на прет­стој­ни­от са­мит, ту­ку и сме­та де­ка оваа член­ка сѐ уште мо­же да се на­де­ва на под­др­шка од не­кол­ку сил­ни со­јуз­ни­ци.

– Рас­му­сен е при­лич­но брз, но и то­чен (за жал) во од­го­во­ри­те по­вр­за­ни за Ма­ке­до­ни­ја и за Гр­ци­ја, (ка­ко онаа из­ја­ва за зна­че­ње­то на пре­су­да­та ?од Хаг), во тој кон­текст тој по­втор­но е ја­сен де­ка не­ма да се слу­чи чу­до на на­ред­ни­от са­мит со при­ем на Ма­ке­до­ни­ја или, ако са­ка­те, при­ти­сок врз Гр­ци­ја да не ста­ви ве­то. Впро­чем тие (не­кол­ку зем­ји на НА­ТО) ѝ по­мог­наа на Гр­ци­ја во 2008 го­ди­на во Бу­ку­решт да не ста­ви фор­мал­но ве­то би­деј­ќи, спо­ред ста­ту­тот на НА­ТО, за ед­но пра­ша­ње ед­на зем­ја мо­же да ста­ви ве­то са­мо ед­наш. Со дру­ги збо­ро­ви, Ма­ке­до­ни­ја ќе ста­не­ше член­ка на НА­ТО на­ред­на­та го­ди­на по Бу­ку­решт – ве­ли Ар­сов­ски.

Ако НА­ТО ја са­ка Ма­ке­до­ни­ја во сво­е­то друш­тво, а при тоа не­ма на­ме­ра да из­вр­ши при­ти­сок врз Гр­ци­ја, то­гаш единс­твен на­чин за да ја ис­пол­ни цел­та, спо­ред ам­ба­са­до­рот Ни­ков­ски, е пре­ку обид за „за­бр­за­на ка­пи­ту­ла­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја“, што е мно­гу те­шко да се по­стиг­не.

– Ед­на од пр­вич­ни­те пос­ле­ди­ци, ко­ја нај­до­бро ја ин­ди­ци­ра ток­му ини­ци­ја­ти­ва­та на Ни­миц, ќе би­дат кон­цен­три­ра­ни­те на­по­ри на Бри­сел за ста­би­ли­зи­ра­ње на јуж­но­то кри­ло на НА­ТО. Тоа зна­чи што по­брз при­ем на Ма­ке­до­ни­ја и на Цр­на Го­ра. Ве­ро­јат­но ќе би­дат во игра и не­кои од по­ра­неш­ни­те со­вет­ски ре­пуб­ли­ки, ама тоа нам не нѐ тан­ги­ра мно­гу. Це­лос­но над­вор од до­се­гаш­на­та пра­кти­ка на ми­ру­ва­ње на ме­ди­та­ци­ја­та за вре­ме на из­бо­ри, по ди­ре­ктен на­лог на Ва­шин­гтон, впро­чем ка­ко и до­се­га, Ни­миц ќе се оби­де да ја за­бр­за ка­пи­ту­ла­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја за да нѐ вне­сат во али­јан­са­та уште на­е­сен. На се­кој до­бро­у­па­тен му е јас­но де­ка тоа ќе би­де крај­но те­шко да се по­стиг­не иа­ко мо­жат да се оче­ку­ва­ат раз­ни мор­ков­чи­ња. Отка­ко оби­дот на Ни­миц ќе се по­ка­же ја­лов, ка­ко и сѐ што на­пра­ви ме­ди­та­ци­ја­та до­се­га, мо­же да се отво­ри про­стор и за при­ем со ре­фе­рен­ца­та – ве­ли Ни­ков­ски.

Се­пак, Ни­ков­ски е оп­ти­мист и сме­та де­ка Ма­ке­до­ни­ја има шан­си да го иско­ри­сти мо­мен­тот, но по­треб­но е над­леж­ни­те во зем­ја­ва да се ор­га­ни­зи­ра­ат со­од­вет­но и ит­но да ре­а­ги­ра­ат.

– На­ше е до­бро да изи­гра­ме. Стра­вот на Ва­шин­гтон од вра­ќа­ње­то на Мос­ква на Бал­ка­нот е ре­а­лен и го­лем и, об­је­ктив­но, мо­жат да се оче­ку­ва­ат се­ри­оз­ни от­стап­ки. Ста­ну­ва­ме ва­жен фа­ктор, и тоа тре­ба да се иско­ри­сти ма­кси­мал­но. Со ог­лед на на­ши­те огра­ни­че­ни дип­ло­мат­ски ка­па­ци­те­ти, под ит­но тре­ба да се ан­га­жи­ра­ат врв­ни стран­ски екс­пер­ти, со наг­ла­се­но искус­тво во про­це­ду­ри­те, мо­да­ли­те­ти­те, функ­ци­о­ни­ра­ње­то… на али­јан­са­та. Нај­до­бро би би­ло тоа да се пен­зи­о­ни­ра­ни ли­ца кои би­ле на ви­со­ки функ­ции во Бри­сел. Тоа мо­же да ни по­мог­не мно­гу во на­о­ѓа­ње­то из­лез­ни ре­ше­ние од се­гаш­ни­от ста­тус кво. Клуч­но е над­леж­ни­те во зем­ја­ва да го сог­ле­да­ат тој зрак свет­ли­на на кра­јот од ту­не­лот, со­од­вет­но да се ор­га­ни­зи­ра­ат и што по­ско­ро да трг­нат во ак­ци­ја. Про­стор ап­со­лут­но има – ве­ли тој.

 

(Пишува: Ненад Мирчевски
Текст објавен во 82. број на неделникот „Република“, 28.03.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top