| четврток, 6 декември 2018 |

Три во едно, признанија за Вугринец, Атман и Дујшебаев

atman

Бекот на РК Металург, Русинот Павел Атман, е избран за најдобар играч на реваншните дуели во осминафиналето од ракометната Лига на шампиони.
На анкетата организирана од ЕХФ, Атман заврши на првото место со 808 гласа. На второто место е уште еден играч кој игра за македонски клуб, Алекс Дујшебаев со 319 гласа.

duse

Атман на реваншот со Колдинг во Данска постигна девет гола, додека Дујшебаев постигна седум вклучувајќи го и клучниот гол против Хамбург за пласман во четврт-финалето.
Од останатите номинирани играчи Никлас Ландин (Рајн-Некар Левен) е на третото место, Момир Илиќ (Веспрем) четврти.
За најдобар играч во осминафиналните двобои е прогласен играчот на РК Металург, Ренато Вугирнец, кој успеа да му даде дури 23 гола на Колдинг. На првиот натпревари во Скопје постигна 13, а на реваншниот 10 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top