Кристијан Бентеке, напаѓачот на Астон Вила и на белгиската репрезентација, нема да настапи на Светското првенство што ова лето ќе се одржи во Бразил.
Тој на тренингот заработи тешка повреда на лигаментите, која бара долго мирување по операцијата. Оваа година беше најдобриот играч на Астон Вила и на 27 натпревари постигна 11 гола. Ова не би било толку страшно доколку Бентеке не е првиот избор на тренерот Марк Вилмотс и доколку играта на репрезентацијата не се базира на него.
Бентеке е уште еден во низата на познати фудбалери кои ќе го пропуштат Мундијалот, а покрај него во Бразил нема да одат Виктор Валдес, Кевин Стротман, Тео Волкот, Џек Вилшер, Сами Кедира, додека Радамел Фалкао се очекува да биде спремен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.