– Ваквата постапка на Стевчо Јакимовски е спротивна на одлуките на партиите од “Сојузот за иднината“ и затоа ја сметаме за кукавички и предавнички чин. И покрај се’, во СДСМ и во здружената опозиција постои уште поголемо единство за бојкот на престојните локални избори, одлука која е исклучиво во интерес на Македонија и нејзините граѓани. Сакаме да ја информираме јавноста дека во изминативе денови, власта на секаков можен начин се обидуваше преку злоупотреба на државните институции, закани, уцени, па дури и со непристојни понуди, да убеди некој кандидат или партија од здружената опозиција да одигра епизодна улога за Никола Груевски. Нема никакви дилеми дека тоа единствено им успеа со Стевчо Јакимовски, новиот глумец на “фамилијата“, кој со задоволство ја прифати улогата на тројански коњ. За жал, од вчера во Карпош, ВМРО ДПМНЕ има двајца свои кандидати за градоначалник. Убедени сме дека жителите на оваа Општина точно ќе препознаат кога личниот интерес се става над општиот и затоа повторно со своите мудри постапки ќе покажат дека Карпош не смее да биде прибежиште за поединци со кратка меморија и двоен морал, туку ќе остане бастион на СДСМ, се вели во писменото соопштение на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.