| четврток, 6 декември 2018 |

Андреј Петров: Јакимовски ќе биде исклучен од СДСМ!

Стевчо Јакимовски ќе биде исклучен од СДСМ за кандидатурата за градоначалник на Карпош преку партијата на Драгиша Милетиќ, вели генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров за „Дојче Веле“.
– Со оглед дека опозицискиот блок покажа големо единство и компактност,  одлуката на Стевчо Јакимовски ја третираме како изолиран случај. Мотивите за неговата одлука набрзо ќе излезат на површина, а многу брзо со одлука на партиските органи и во согласност со статутот на партијата Јакимовски ќе биде исклучен од СДСМ. Впрочем, одлуката да се биде кандидат на Српска напредна странка во општина Карпош, самата доволно зборува за себе“ – вели Петров за Дојче Веле на македонски јазик

Петров вели дека партијтата на Милетиќ останува во коалиција со СДСМ, бидјеќи пратеникот од српската партија само му го позајмил печатот на Јакимовски.

– За тврдењето дека Српска напредна странка на Македонија само му го изнајмила печатотот на Јакимовски сведочи и факот што на листа на Јакимовски нема ниеден Србин, а има Албанци“ – велат од СДСМ за „Дојче Веле“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top