| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел одобри минималец од 8,5 евра на час

меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека во Германија првпат се воведува задолжителна минимална заработка, која од 1 јануари ќе изнесува 8,5 евра на час.

Во моментот, Германија е една од седумте држави-членки на Европската унија (ЕУ), во која не постои минимална дневница, туку тоа со преговори го решаваа синдикатите и работодавците во секоја стопанска гранка одделно.

Демохристијаните по традиција се жестоки противници на државното регулирање на тоа прашање, но Меркел се согласи на тој чекор во преговорите при формирањето влада со социјалдемократите, на кои тоа им беше главно барање.

Бундестагот за одлуката на владата од средата ќе расправа налето, а конечната одлука ќе биде донесена во септември кога за тоа ќе се изјаснат и пратениците во Горниот Дом.

Економистите уште од почетокот заговараа воведување на минималната надница, која подразбира поголеми плати бидејќи сметаат дека тоа ќе ја поттикне малопродажбата, а со самото тоа ќе ја зголеми побарувачката и производството, односно економскиот раст.

Владата одлучи минималнатата надница од 8,5 евра на час да почне да се применува од 1 јануари 2015 година, а од 1 јануари 2018 година тој износ ќе се усогласува еднаш годишно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top