Кандидатите за претседател на Република Македонија денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места.
Ѓорѓе Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одржи митинзи во Македонски Брод и во Кичево, а претходно и помал митинг во Пласница.
СДСМ, со кандидатот Стево Пендаровски, ќе има митинг во Гази Баба и средби со граѓани во Илинден, Петровец и во Зелениково.
Коалицијата ГРОМ, со својот кандидат Зоран Поповски, ќе одржи митинг во Охрид и средби со граѓани во Ресен, Дебарца и во Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.