| четврток, 6 декември 2018 |

Редоследот на листите за пратеници ќе се утврдува денеска

Државната изборна комисија денеска треба да изврши жребување за редоследот на листите на гласачкото ливче.

glasanje-480x320

Во изборната единица во која нема да има свој претставник, соодветниот број на подносителот на листата ќе биде изоставен, а на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител, без оставање празно место. Листите на кандидати предложени од коалиција предводена од една иста политичка партија, без разлика на бројот на политичките партии во коалицијата во различни општини, односно изборни единици, имаат ист реден број во сите општини, односно во сите изборни единици.

ДИК ги утврди 14-те кандидатски листи за третите предвремени парламентарни избори. Листи поднесоа пет коалиции и девет партии.

Меѓу 1.402 кандидати за пратеници на листите нема ниту еден соработник со тајните служби, соопшти вчера Комисијата за верификација на факти.  

На 9 април ДИК во дневниот печат треба да ги објави утврдените единствени листи на кандидати за пратеници во изборните единици.

Најдоцна до утре ДИК треба да го достави избирачкиот список до политичките партии, кои имаат рок од пет дена до Комисијата да испратат барања за запишување, дополнување и бришење податоци. ДИК треба да го потпише заклучениот Избирачки список најдоцна до 17 април.

Кампањата за предвремените парламентарни избори почнува на 5 април, а поради првиот круг од претседателските избори ќе биде прекината на 12 и на 13 април. Ова се трети предвремени парламентарни избори во Македонија и ќе се одржат на 27 април, на вториот круг од изборите за шеф на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top