Штабот на Стевчо Јакимовски потврдува дека кандидатурата за нов мандат во Карпош е преку преку партијата на Драгиша Милетиќ. Партијата на Милетиќ денеска истапила од опозициската коалиција и поднела советнички листи. Милетиќ минатата година остана запаметен по „Прстот“ и тоа што е „Толерантан“.
Јакимовски „пребега“ од ЛДП во СДСМ за да го освои актуелниот мандат во Карпош. Тогаш на колегите од ЛДП им порача дека „да не е СДСМ и Црвенковски“ немало да постигне политички успех. Сега, кога и СДСМ и ЛДП одлучија да ги бојкотираат изборите, Јакимовски најде ново „јато“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


