| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев: Да го поддржиме Иванов, гласаме за чесен патриот и врховен командант на АРМ

gorcev

Дали денес сме собрани е Фиромска Каменица или БЈРМовска каменица, дали е ова Горноскопска Каменица? НЕ! Ова овде “ерга омнес“ е Македонска Каменица. Била и ќе биде. Со овие зборови пратеникот Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ се обрати на митингот за промоција на Иванов во Македонска Каменица.
Тој говореше за сето она што е спроведено во овој дел од Источна Македонија и какви убавини можат да се видат во Македонска Каменица.

-Бината ја гледав од новиот плоштад, ја видов источна Македонија.Таму лево е јарболот со знамето и македонското сонце. Тука е црквата Успение на Пресвета Богородица, има три знамиња-на Македонија, МПЦ и на Македонска Каменица. Позади е училиштето „Кирил и Методиј“, до него е училиштето кое го носи името на симболог на македонскиот непокор „Миле Јаневски Џингар“ кој загина бранејќи ја Македонија. Изборите се на 27-ми април, а тој го положи животот на 28-ми април во униформа на македонската Армија, рече Ѓорчев.

Тој ги повика граѓаните од овој дел на Македонија масовно да го поддржат Ѓорѓе Иванов, затоа што, како што рече, не гласаме само за претседател на земјата, туку и за врховен командант на АРМ. Потсети дека токму за време на мандатот на актуелниот претседател, беше решен статусот на професионалните војници.

-Во Каменица има нова спортска сала, почната од Никола Тодоров кога беше министер за образование, се користи секој ден. Овде имапожарна, мултифукнционално игралиште, најсовремен пазар. Знаеме дека проблем е патот, но на тоа се работи. Машините се на терен се асфалтира меѓу Каменица и Делчево. Ќе се асфалтира и кон Скопје, ја поврзуваме Источна Македонија, рече Ѓорчев.

Тој најави дека и во Македонска Каменица ќе биде отворена зона, ќе се направат парцели, ќе дојдат инвеститори и ќе отворат нови работни места.

-2003-та година беше една многу црна година за Македонска Каменица. Се затвори рудникот и младите почнаа да си заминуваат. Од тогаш рудникот е рестартиран и работи. Беше затворен и рудникот во Пробиштип.Во „Тораница“ сега работат 600 луѓе. Има Универзитет за источна Македонија, се даваат субвенции, се асфалтираат патишта. Не критикуваат оние кои еден метар немаат пат направено. Се зголемија платите, пензиите, социјалната помош, истакна Ѓорчев.

Ги повика граѓаните масовно да излезат на избори, да го поддржат Иванов кој е чесен патриот, доблесен човек, лик кој ги почитува семејните и традиционалните вредности.

Посочи дека Иванов и Груевски се грижат за целата Македонија и повика да им биде дадена поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top