| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичанец проневерил повеќе од 90.000 евра

СВР Струмица поднесе кривична пријава за В.Г. (46) од Струмица, раководител на продавница сопственост на „Мобил трејд“ ДООЕЛ – Скопје, за сторени кривични дела затајување и послужување.

На 6 февруари годинава, во Струмица во продавницата „Мобил трејд“ е извршен вонреден попис, при што е констатиран недостиг во износ од 5.474.202 денари, како и недостиг во магацин од 33.049 денари, при што е констатирано дека пријавениот во текот на работењето прибавил поголема имотна корист.

На 9 март, пак, од дневниот финансиски извештај прикажал дневен промет во износ од 299.700 денари, а на 26 истиот месец уплатил дневен пазар во износ од 102.800 денари, при што за себе присвоил 196.900 денари.

Со таквите дејствија го оштетил „Мобил трејд“ во износ од 5.704.157 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top