| четврток, 6 декември 2018 |

Службеник во МВР уапсен за проневера

lisici

СВР Штип поднесе кривична пријава за В.С.(24) од Свети Николе, државен службеник во Министерството за внатрешни работи, референт за управни работи во Свети Николе, поради постоење основано сомнение дека сторил злоупотреба на службената положба и овластување.

Во периодот од јануари до март годинава, пријавениот со искористување на својата положба со пречекорување на границите на своето службено овластување, со намера да се стекне со противправна имотна корист за поднесени 16 барања за издавање пасош и 13 барања за издавање лична карта од барателите барал износот за административна такса и износот за образецот да му го платат во готово под изговор дека тој со својата платежна картичка ќе го плател за да им заштеди провизија.

Пријавениот примените парични средства ги присвојувал за себе, а од сопствената картичка не ги уплаќал износите, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 30.170 денари, при што за износ од 26.470 денари му нанел штета на Буџетот на МВР, а за износ од 3.700 денари му нанел штета на  Буџетот на Р Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top