| четврток, 6 декември 2018 |

Проневерени 1,5 милион денари на ЈП Чистота и зеленило-Куманово – благајникот доби кривична

%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%bd%d0%b5

Благајник го оштетил буџетот на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило од Куманово за 1,5 милиони денари, тврди Управата за финансиска полиција. Поради тешкиот финансиски криминал до Основното јавно обвинителство во Куманово против лицето вработено во претпријатието е поднесена кривична пријава за „проневера во службата“ и „послужување во службата“. Пријавениот, во својство на одговорен благајник, од ноември 2008-та, па до август минатата година, неовластено присвоил парични средства, кои не ги евидентирал и со тоа го  оштетил буџетот на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.  Со цел прикривање на кривичното дело, пријавениот службеник, присвоените парични средства не ги евидентирал во благајната на претпријатието. Првиот човек на „Чистота и Зеленило“, Сашо Петрушевски истакна дека по сомнение, на 27-ми јули годинава за овој проблем го информирале основното јавно обвинителство од Куманово, од каде добиле упатства за понатамошната работа и формирале две комисии за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност.

– Случајот го водеше финансиска полиција од СКопје каде што имавме два месеци соработка со нив, предадена е целосната документација на нив, утврдена е матаријална штета што е резултат на овие две кривични пријави кои денеска се поднесени која во дисциплинска постапка е суспендирана од страна на јавно претпријатие и од наша страна се преземени сите мерки законски-истакна Петрушевски.

Финансиската полиција  и во идниот период ќе го чешла работењето на ова јавно претперијатие, со цел да утврди дали и други вработени имале допир со паричните средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top