Како што пренесуваат турските медиуми, на милионерот му се закануваат седум години затвор поради проневера на неколку милиони евра.
Џан наводно ја оштетил осигурителна компанија од Истанбул за која работел, а откако шефовите дознале за неговбата проневера, на Атеш му се губи секаква трага. Се шпекулира, дека со украдените пари бизнисменот побегнал во странство.
Атеш наводно своите клиенти ги наведувал да уплаќаат пари на неговата приватна сметка. Стручњакот за берза во 2013 година се најде среде медиумски скандал кога без објаснување ја остави бремената свршеница, актерката Мерјем Узерли.
Откако ја напушти актерката долго време беше во депресија дури се обиде да се самоубие, но додека беше бремена, таа замина за Германија и таму ја роди својата ќерка Лара. Џан воопшто не ја гледа својата вонбрачна ќерка која во февруари ќе наполни две години, а Мерјем во неколку прилики изјавила дека не сака да има никаква врска со него.
– И го уништи животот. По раскинувањето беше во голема депресија. Едвај се извлече и сега и е подобро без него – велат пријателите на Мерјем.
Актерката веќе извесно време ужива во љубовта со својот колега, турскиот актер Озан Ѓувен кој го глумеше Рустем Паша во серијата„Сулејман Величенствениот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.