| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов во Каменица, Делчево и Берово, Пендаровски во Куманово, Поповски во Штип

Претседателски кандидати 2014

Кандидатите за претседател на Република Македонија денеска ја продолжуваат предизборната кампања  со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места.

Ѓорѓе Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Македонска Каменици, Делчево и Берово и помал митинг во Пехчево.

СДСМ, со кандидатот Стево Пендаровски ќе има митинг во Куманово, а средби со граѓани во Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричани.

Коалицијата ГРОМ,  со својот кандидат Зоран Поповски, ќе одржи митинг во Штип и средби со граѓани во Свети Николе и во Карбинци, како и посети на семејство во село Радање и на занаетчија во Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top