| четврток, 6 декември 2018 |

Халими: Ќе обезбедам сигурна иднина и перспектива за младите

Кандидатот за претседател од ДПА, Илјаз Халими, вечерва во гостиварското село Речане на предизборен собир ја претстави неговата проргама и се осврна на важноста од излегување на гласање, за придвижување на работите напред.

– Имав можност да посетам многу села и да се сретнам со многу луѓе. Сите ми се жалеа дека тешко живеат. Каде нема вода, каде нема пат и тутунот не можат да го продатат. Затоа, ако ја добијам вашата доверба, овие проблеми, кои ги создаде Али Ахмети, ќе ги снема, рече Халими.

Тој се обврза, доколку стане претседател дека ќе обезбеди перспектива за младите и сигурна иднина. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи остро ги критикуваше политичките опоненти од ДУИ за состојбите во земјава.

– Ги оставија луѓето без улици, канализации, вода, без перспектива. Лажат дека го официјализираа албанскиот јазик, бидејќи за таа работа потребни се 440 милиони евра, а тоа се пари, кои ни на сон нема да ги видат, подвлече Тачи.

Зборувајќи за важноста на претстојните избори, лидерот на ДПА ја побара поддршката, бидејќи како што рече, со тоа пола работа ќе биде завршена и ќе стане идниот потпреседател на Владата.

– Какво лицемерие од другата страна. Против едностран престедател се, која е таа логика, зарем има двостран?, праша Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top