Магијата на првоаприското бинго бум донесе два добитника на премија „џекпот една линија“.
Спроти денот на шегата, емисијата „Време за среќа“ со првоаприлското коло на играта бинго бум внесе магија, забава и среќа во домовите на гледачите и играчите. Водителките Марјана и Маја маскирани како самовили и водителот Викса како волшебник, со својата магија и добро расположение направија вистинско шоу.

Температурата во студиото се вжештуваше со забавата, која пред, за време и по емисијата ја приреди групата „Биоритам“ маскирани во афробенд на Џемс Браун, со главна нумера „I feel god“.

Кулминацијата на магичната забава се случи по само11 извлечени броеви од играта на среќа „бинго бум“ кога се постигна гарантираната добивка џекпот една линија. Темпетарурата потоа се пренесе не во еден, туку во два дома, бидејќи единасетиот извлечен број им донесе среќа на двајца добитници еден во Тетово и еден во Гостивар. Едниот добитник ја уплатил својата среќна бинго бум картичка во среќното место „Ма да бе“ во Тетово, а другиот во Гостивар во среќното место „Јотон“. Добитниците на џекпот две линии добиваат по 250.000,00 денари. Среќното место за џекпот една линија овој пат беше „Кики твинс“ во Струга, а среќното бинго бум е „Бартон“ – Тетово, каде што е оствaрена добивката бинго бум во ова 13то коло во 2014 година.
Државна лотарија на Македонија покрај редовните кола кои се реализираат секој понеделник на МРТ 1 од 20.30 во емисијата „Време за среќа“ , подготвува и „Велигденско бинго бум“ со гарантирана добивка за џекпот две линии , автомобил „пежо 208“. Среќниот добитник што ќе прослави богат Велигден, ќе очекуваме да го дознаеме на денот на извлекувањето – 21 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


