| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо подготвува чистка

Жозе Мурињо очигледно не е задоволен со тимот кој го има на располагање во Челси и уште сега подготвува голема летна реконструкција на екипата, па поради тоа на трансфер листата ќе завршат најмалку осум фудбалери.

Како што известуваат британските медиуми Португалецот е спремен да ги продаде Фернандо Торес, Демба Ба, Самуел Ето, Давид Луиз, Оби Микел, Ешли Кол и Марк Шварцер.

Покрај тоа Мурињо сериозно размислува и кои од играчите кои се наоѓаат на позајмица би можел да ги продаде на заинтересираните клубови. На таа листа се наоѓаа Лукаку, Марко Марин, Виктор Мосез, Рајан Бертран и Џош Макиркан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top