Раководството на СДСМ одбегнува да се соочи со народот. Кукавички чин, алиби за пораз, двојна и неискрена игра биле работите, кои базата ги префрлала на раководството по дефинирањето на конечните листи на кои не се најде раководството на СДСМ.
И последните надежи дека може нешто да се смени на тој план пропаднале по истекувањето на конечниот рок за нивно поднесување до ДИК и нивното официјализирање. Партиски извори информираат дека на сево ова му претходела жолчна расправа во партијата каде што членовите му префрлале на раководството дека одбива да преземе одговорност и дека доколку навистина веруваат во тоа што на јавните настапи го говорат и во тоа што на состаноците го заговараат треба да истапат и своето име да го заложат истапувајќи на листите.
Одговорноста не може да се препушти единствено на претседателите на општински организации ниту, пак, на носителите на листи што загубија, а некои и неколкукратно во повеќе изборни циклуси.
За аналитичарите ова би било единствен пример во Европа каде што раководството на главната опозициска партија не ја презема одговорноста и не истрчува во првите редови на избори. Тоа е од единствена причина што одбегнуваат соочување со народот, а изборите се единствениот и најпрецизен мерлив репер за кредибилитетот и довербата со народот. Тие на тој начин го потценуваат народот, кој сè поизвесно е дека ќе ги казни поради ваковото однесување (анкета на граѓани). За ваквата појава премиерот Груевски на митингот во Струмица истакна: СДСМ избегна соочување со народот. За какви промени говорат, промените ги направи кога народот ги исфрли Бранко, Шекеринска и Стево од фотелјите и не сака да ги врати, безброј пати го излажаа… Човекот вели да го постават за премиер, а бега од листа каде народот треба да гласа за него. Тоа е исто како да капитен на фудбалски тим го напусти натпреварат и да рече „Јас ве оставам трчајте, ако победите ќе дојдам по пехарот“.
Дека нервозата е се поприсутна во раководството на СДСМ говори и фактот што раководството со цел да се прикаже масовност на митингот во Скопје и да се претстави слика на единство издало допис до сите општински организации на СДСМ во државава со акцент итно, најдоцна до 1 април до 12 часот да достават проектирана бројка на автобуси со членови што ќе ги донесат во Скопје на централниот митинг на СДСМ со цел да покажат слика на масовност и да го свртат вниманието од внатрешното незадоволство. Партиски извори коментриаат дека дури и на тој начин многу тешко ќе биде да се смири незадоволството од бегството на листите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.