Металург се надеваше на германски противник во четврт-финалето. Желбата им се исполни на ждрепката денеска во Виена. Во СЦ „Борис Трајковски“ доаѓа големиот Кил.
Претставникот на Металург во Виена, Зоран Цветановски, даде свое видување за ждрепката.
– Металург игра одлично оваа пролет и цела сезона воопшто. Во Скопје ги победивме и Барселона и ПСЖ, а никој не ги освои бодовите кај нас. Кил играше во Скопје во 2008 година и тогаш победи. Сега се други времиња. Кил е големо име во ракометна Европа. Тие се на самиот врв неколку години и се освојувачи на Лигата на шампионите. Ќе гледаме вистински спектакл во Скопје. Посакувавме да добиеме германски претставник. За мене е подобро првиот натпревар да се игра на домашен терен – изјави Цветановски.
Претставникот на Кил, Сабине Холдорф, се осврна на фантастичната атмосфера во салата „Борис Трајковски“.
– Ова е различно искуство за нас. Во Скопје е тешко да се игра ракомет. Видовме од натпреварите по групи. Тие ги победија Барселона, ПСЖ и Колдинг. Гледачите прават одлична атмосфера. Тие ќе нѐ пречекаат со девет илјади френетични навивачи, но и тие треба да дојдат во „Шпаркасе арена“ пред 10 илјади. Се надеваме на пласман во полуфиналето во Келн – кратко изјави Холдорф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.