Во Словенија е откриен нов случај на трговија со деца. Откако ваков случај пред неколку месеци хрватската полиција откри малолетна државјанка на Република Македонија што во март минатата година за неколку илјади евра била продадена во Хрватска за да се омажи со 21-годишен Хрват, сега повторно во Словенија е евидентиран ист случај.
Имено, малолетно девојче, кое тројца Словенци го купиле од Македонија за 6.000 евра било малтретирано сексуално и физички. Младото девојче минатата година го омажиле за 25-годишен Словенец и со неговите родители заминале да живеат во Марибор, Словенија. Таткото на девојчето за бракот добил 6.000 евра, јавуваат словенечките медиуми.
Но, по стигнувањето во Словенија, почнале проблемите за малолетното девојче. Ја сместиле во нивниот стан и ја принудувале да ги извршува сите домашни активности, пишуваат словенечките медиуми. Во јануари годинава девојката успеала да избега и да побара помош во мариборската полиција.
Надлежните ја сместиле во кризен центар во Љубљана, од каде ја префрлиле во Центарот за борба против трговија на луѓе. Монструмите завршиле во затвор каде што и припаѓаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.