| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: Нема да заокружиме ниту еден број, ниту еден кандидат

goran-kol-28-ali-ahmeti

Идејата на ДУИ за консензуален претседател  е историска, долгорочна и е за доброто на сите и за Албанците, Македонците, но  и останатите заедници, изјави лидерот Али Ахмети од говорницата во скопски Чаир.

Тој истакна дека не се откажува од неговата намера  и  сака да  види албански кадри на високите државни позиции во земјава.

-Тоа е програма што ни дава решение за сите отворени прашања. Надвор од тоа не правиме никаков таен пазар кој ја злоупотребува нашата мисија. Ова не е идеја за да ги исплашиме Македонците. Докажавме дека и Албанците имаат значење во оваа држава.  Нема да заокружиме ниту еден број, ниту еден кандидат, тоа е само навреда за нас, изјави Али Ахмети – лидер на ДУИ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top