Четворица кандидати за претседатели на државата и четиринаесет пратенички листи е скорот на политичкиот амбиент во Македонија за претстојните претседателски и парламентрни избори. И додека во трката за кандидат за претседател и за овој изборен циклус и за претходниов имаше обид за настап на независни кандидати, парламентарните избори се строго резервирани за партиите и нивните коалиции. Постојат повеќе причини за отсуство на нови независни идеи на политичкиот простор, но според Татјана Каракмишева – Јовановска, три причини се клучни, при што таа како прва ја наведува сложената бирократска процедура за собирање на потписи за независните кандидатски листи.
„Второ, мислам дека исто така самиот политички простор е прилично окупиран од страна на политичките партии. Речиси и да нема слободен простор каде што независните граѓани ќе можат да се изразат на политички начин“, вели Каракамишева – Јовановска за Алфа ТВ.
Изборниот модел кој ги фаворизира поголемите партии е третата причини во која таа гледа пречката за независни канидадатски листи за изборите.
Каракамишева смета дека и самото цивилно општество е прилично партизирано, што ги одвраќа луѓето од граѓански активизам поради неверување во постоење на чиста независна граѓанска акција.
„Во овој момент имам чувство дека владеачката партиија доминира на политичката сцена. Тоа секако е резултат на легитимитетот што го има од граѓаните, тоа е неспорно. И сега, било каква нова иницијатива која што би можела да се појави како контра владеачката или констра опозициската, во овој момент, можеби, како што велам јас, не е созреано времето“, вели Каракамишева – Јовановска.
Инаку новите, независни, идеи вели Каракамишева можат да бидат само од помош и на власта и на опозицијата за подобрување на нивните програмски и идејни решенија, што пак може да ја подбори севкупната сотојба во системот, бидејќи политичките партии не смеат да бидат единствени креатори на политичкиот протор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.