Владата на францускиот премиер Жан-Марк Ејро попладнево поднесе оставка, соопшти прес-службата на владиниот Кабиент. Француските медиуми јавија дека за нов премиер се очекува да биде именуван актуелниот француски министер за внатрешни работи Мануел Валс.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, оставката на француската Влада беше очекувана по катастрофалните резултати на владејачките социјалисти на локланите избори, чиј втор круг се одржа вчера.
Вечерва во 20 часот претседателот на Франција, Франсоа Оланд ќе се обрати до францускиот народ.
Локалните избори се сметаат за тест за парламентарните избори по две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


